Македонија
21. January 2018 - 16:24

Македонија не е исклучена од можноста за ширење на „Австралискиот грип“

Опасност од ширење на таканаречениот “Aвстралиски грип” постои за цела Европа, а не е исклучена ниту Македонија, предупредуваат епидемиолозите. Засега земјава нема добиено официјално известување за овој поттип на грип од кој во Британија починаа стотина лица, а илјадници се во болница. Мутираниот вирус Х3 Н2 е распространет и во Франција. Според лекарите сезонската вакцина помалку штити од овој поттип кој се карактеризира со потешка клиничка слика, повеќе хоспитализации и поголчем број смртни случаи.

-Во услови кога луѓето многу патуваат и брзо поминуваат дестинации низ светот и низ Европа. Секогаш постои можност некој таму да се зарази и кога ќе мдојде тука да го шири соодветниот тип или поттип или со други генетски различни карактеризации односно мутации како што викате вие и тука. Така да сезона на грип е и очекуваме различност на типови  кои ќе бидат изолирани, но не очекуваме некоја различност од она што се случува во Европа, изјави за Сител д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.

Оваа сезона во земјава се изолирани свиснки грип од типот А и вирус од Б групата.

  - Децата наредната недела се враќаат на училиште и тоа е една од причините за ширење на грипот, додаде д-р Кузмановска.

За епидемилозите најдобра заштита од грипот е вакцината, но бидејќи се потрошени сите набавени дози препорачуваат поголема лична хигиена, честа дезинфекција и проветрување на просториите како и избегнување на масовни собири.