Кошарка
30. August 2016 - 19:39

Македонија на стартот од квалификациите против Луксембург

Кошаркарската репрезентација на Македонија по 21 година повторно своите квалификации ќе ги игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Македонија во квалификациите за ЕП 2017 е во групата Г заедно со селекциите на Луксембург, Велика Британија и Унграија. На стартот прв ривал на Македонија е селекцијата на Луксембруг.

Во минатото имаме две победи од која една во Скопје со 105 постигнати поени, најмногу на една наша репрезентација и триумф од 39 поени на тој дуел што е втора највисока разлика. Но, за денешниот тим на Луксембург селекторот Драган Раца истакна: 

- Сите мислат дека Луксембург е селекција која може лесно да се победи. Но, тие можат секого да изненадат и никој не треба да биде потценет во групата. Луксембург нема многу високи играчи, но играат брза кошарка со добра транзиција, посочи Раца.

Пласман на Евробаскетот ќе обезбедат седумте првопласирани селекции од сите групи како и четири второпласирани, но без резултатите на четвропласираните во групите.

Почетокот на дуелот Македонија – Луксембург е утре во 20:30 часот.