Ракомет
23. јуни 2017 - 19:56

Македонија на ЕУРО во Загреб против Германија, Словенија и Црна Гора

 

Германија, Црна Гора и Словенија ќе бидат противници на Македонија на Европското ракометно првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска. 

Ова е исходот од денешната ждрепка во која Македонија беше извлечена во Ц групата чии домеѓин ќе биде Загреб, а во која црвено-жолтите за противници ќе ги имаат актуелниот  европскиот шампион Германија, нашиот стар познаник Словенија и селекцијата на Црна Гора.
 
Првопласираните три репрезентации од првата ќе обезбедат пласман во втората фаза по групи, а од таму само двете најдобро рангирани ќе играат на завршницара односно полуфиналето
 
Шампионатот ќе се игра од 12 до 28 јануари.