Ракомет
12. March 2016 - 11:44

Македонија ја пречекува Словенија

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот во СРЦ Кале го игра натпреварот од 4.коло од групата 4 од квалификациите за Европското првенство во Шведска. По убедливиот пораз во Марибор во четвртокот обврска на стручниот штаб и селекторот Симе Симовски, секако и на репрезентативките да го поправат впечатокот и да постигнат подобар резултат.

Јасно беше од самиот старт дека Македонија со подмладен состав е аутсајдер во групата со ривали од рангот на Словенија, Хрватска и Црна Гора.
Влезот на натпреварот е слободен.
Вечерва се игра и вториот дуел од нашата група Црна Гора во Бар ја пречекува Хрватска.