-->
-->
Македонија избори пласман на ЕП за ракометарки до 19 години
-->
Со победата над Фарски Острови од 23:19 постигната синоќа на последниот натпревар од квалификационата група 1 женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 голови) избори учество на Европското првенство што од 27 јули-6 август ќе се игра во Словенија.
Победата постигната над Фарски Острови беше втора за Македонија во групата откако претходно беше совладана Молдавија. Македонија го освои второто место во групата, зад Унгарија.
Најефикасна на натпреварот беше Леонида Гичевска со 7 голови, додека Марија Гајиќ постигна 6.
На Европското првенство ќе играат следниве 16 репрезентации: Македонија, Унгарија (група 1), Шпанија, Романија (група 2), Франција, Црна Гора (група 3), Хрватска, Холандија (група 4), Шведска, Србија (група 5), Португалија (група 6), Норвешка (група 7), Германија (група 8), Данска, Русија и Словенија директно се пласирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд