Ракомет
16. јуни 2017 - 8:13

Македонија испушти победа над Украина (27:27)

Ракометната репрезентација на Македонија испушти победа на гостувањето во Суми над Украина и со ја пропушти првата шанса да обезбеди пласман на Европското првенство во Хрватска. Украина и Македонија одиграа 27:27, а нашата репрезентација останува во игра за едно од првите две места и потребно е во последното коло на 18.јуни во Скопје да остане непоразена во дуелот со Чешка.

Во последниот напад Манасков не успеа да реализра за победа откако укаринскиот голман одбрани.
Украина резултатот го изедначи во последната минута со головите на Шевелев и Денисов.
Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 8 голови.
На чело на табелата е Чешка со 6 бодови, пред Македонија со 5, Украина има 5, Исланд е последен со 4.