Македонија
27. October 2015 - 19:28

Македонија има стратегија за секое сценарио со мигрантите

Хот спот центар сместен на осторвот Лезбос ќе биде главното место од каде ќе се одлучува кој ќе продолжи на патот до Западна Европа а кој ќе биде депортиран. Договорот постигнат во неделата во Брисел кој нема правно обврзувачки елементи треба да донесе ред во транзитирањето на бегалците.

Иако македонската делегација инсистирала Фронтекст да се грижи за контролата на меѓу граничниот простор на јаужната граница, Грција го одбила ваквиот предлог со образложение дека таквиот потег би бил лошо профатен во грчката јавност.

Ципрас се обврзал, брифираат од кабинетот на Иванов, да ја подобри комуникацијата помеѓу македонските и грчките безбедносни органи за подобрување на функционалноста на системот. Македонија сепак, како што им било пренесено и на амабасдорите од ЕУ на денешната средба во претседателската вила инсистира на вклучувањето на оваа европска институција директоно на теренот во Гевгелија.

Македонија упатила покана и до сите земји членки кои сакаат да се уверат во состојбата да ја посетата земјата и привремениот транзитен центар. Членките на ЕУ, овој пат со присуство на Македонија и Србија договорија зелена карта да добијата само бегалците, но не и мигрантите кои во се поголем број ги користата овие рути за да стигнат до европа. Тие од Лезбос треба директно да бидат депортирани и оневозможени да го продлжат патувањето. Ова е потег кој следува пои се големиот број на мигранти кои ја користата рутата отворена за бегалците.

Според последната анкета спроведена на 21 и 22 овој месец во Гевгелија помеѓу 694 лица кои биле во привремениот транзитен центар, само 56 отсто од нив биле од Сирија, во споредба со процентот на сартот на летото кој беше многу поголем. Анкетата која покажува дека над 30 отсто од бегалците се со високо образовани, а над 40 со средно за безбедносните служби укажува дека бројот на бвегалци допрва ќе расте зошто досега земјата ја напуштиле само оние кои можеле финансиски да го покријат патувањето.

59,12 отсто од анкетираните потврдиле дека крајна цел на нивното патување е Германија, 18,83 одат за Шведска, 4,67 за Норвешка, со многу помал процент се Холандија, Белгија, Австрија и Франција кјако крајна дестинација на бегалците. Најголем дел од анкетираните биле на возраст од 17 до 25 години, а по нив возрасната група од 26 до 35 години. над 82 отсто одговориле дека до македонија стигнале преку Турција и Грција, а најчесто за ова патување по лице одвојувале од 1.200 до 3 илјади долари. Податоците кои постојано ги следат државните службу укажуваат дека се намалува бројот на мажи, а се зголемува бројот на деца кои патуваат кон западна европа. Анализите укажуваат дека наместо намалување на дневно ниво има зголемување на бројот на бегалци за 20 лица, а месечно оваа бројка достигнува до над шестотини.

За македонските власти приориутете остануваат македонските грагани. Како лице за контакт, државнкиот секретар од МВР секој четврток како и останатите земји ќе известува преку видео врска за актуиелната состојба. Македонија јасно му порача на Брисле дека земјата има можност да овозможи привремен третман за само 2.000 беглаци. 1.500 во цвентарот во Гевгелија и уште 500 на Табановце. Европа не се обврза но вети дека ќе работи на договорот. Македонија, брифираат од кабинетот на Иванов има резервен план доколку состојбата се промени.