Македонија
23. February 2017 - 16:22

Македонија и полнолетството ќе го дочека пред вратите на НАТО, по грчкото вето во 2008.

Македонија и ,,полнолетството’’ ќе го дочека пред вратите на НАТО, по грчкото вето во 2008. 17-от акционен план за членство се евалуира, а 18-от се подготвува, со што Македонија е апсолутен рекордер во историјата на Северно-атлантската алијанса.

Експертите од НАТО и од министерството за одбрана го евалуираа напредокот во одбранбените подготовки на Македонија за интеграција во Алијансата

Фокусот е ставен на планот за опремување и модернизирање на армијата, за што се издвоени 315 милиони евра и придонесот на АРМ во мировните операции.

,,РМ заклучно со оваа година има распоредено повеќе од половината од својата армија во меѓународните операции. Многу заначајно е вреднуван во НАТО фактот што во 2017 година МО има зголемен буџет од 8% во споредба со 2016-та година. Посебно фактот што на капиталната страна имаме сериозно зголемување на издатоците согласно НАТО барањата, односно оваа година МО на капиталната страна планира да потроши 20% од вкупниот буџет што споредено со минатата 2016-та година во делот на набавката на главната опрема која што директно е поврзана со имплементација на планот за опремување и модернизација, расходот ќе биде зголемен за повеќе од 100%, односно 7,9 милиони за главна опрема што ја имаме остварено, оваа година владата на РМ покажа спремност и политичка волја овие расходи да бидат зголемени на 20 милиони евра’’, изјави Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар во МО.

Членството на Македонија во НАТО се уште има поддршка од 60-сетина проценти од граѓаните. Но, последната анкета на ВИН Галуп покажа дека дури 4 земји членки на Алијансата и тоа Бугарија, Грција, Турција и Словенија повеќе би сакале да ги штити Русија, околку САД, воениот и политички лидер на Алијансата.