Македонија
14. October 2016 - 8:18

Македонија и Хрватска ќе потпишат договор за осигурување на возачи

Националното биро за осигурување на Република Македонија денеска во Скопје ќе потпише договор за заштита на посетители со Хрватското биро за осигурување.

Договорот ќе им овозможи на возачите од двете држави во случај на сообраќајна незгода да добијат информации и поефикасен надомест за евентуално направената штета.  

Договорот ќе го потпишат генералниот директор на Националното биро Трајче Латиновски и директорот на Хрватското биро за осигурување, Хрвоје Пауковиќ.

Националното биро за осигурување на Македонија досега вакви договори има потпишано со Србија, Турција, Грција, Словенија, БиХ, Швајцарија, Луксембург и Црна Гора.