Македонија и Бугарија, железнички ќе се поврзат во 2020 година
Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и на експертски тимови биле теми за кои разговараа денеска во Скопје директорот на ЈП Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани и директорот на Бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев.
Асани го информирал директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите поврзани за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек, и најдоцна до 2020 година се очекува Македонија и Бугарија железнички да се поврзат, соопшти МЖ-Инфраструктура.
- Ако се оди според планот за четри години е предвидено да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат, истакнал Асани на средбата со Ламбрев.
Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.
- Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија, рекол Ламбрев.
Асани го информирал својот бугарски колега и за моменталните активности кои се одвиваат на Коридорот 8, односно железничкото поврзување со Албаниаја каде што 50 отсто од главниот проект е веќе направен.
Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија, а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК