Македонија
17. јуни 2016 - 16:14

Mакедонија го живее најтоплиот ден оваа година

На плус 40 бргу паѓа концентрацијата и се јавува замор.  Ова многу често се јавува кај возачите на вакво време и лесно може да дојде со сообраќајна несреќа. Од  Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот советуваат сите кои седат зад воланот да бидат внимателни, а посебно да внимаваат повозрасните и лицата со здравствени проблеми.

-Да се прават повеќе паузи и да се пијат многу течности. Посебно да се внимава на аклиматизацијата од климатизиран автомобил надвор на топло да не се излегува одеднаш, изјави Ристо Манчев, секретар во РСБСП.

Не само луѓето на екстремно високи температури страдаат и моторните возила.

-Да се проверува возилото почесто да не досјде до прегревање, додава Манчев.

Денеска и утре Македонија е во портокалова фаза. Според метеоролозите ова е најтоплиот викенд годинава.  Многу жешко време ќе имаме и наредната недела.