Ракомет
31. January 2016 - 12:02

Македонија го добива ривалот за баражот за СП 2017

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Краков ќе го добие противникот за баражот за СП 2017 година што ќе се одржи во Франција. Македонија која го освои 11.место на ЕП во Полска се наоѓа во групата на фаворити заедно со селекциите на: Белорусија, Данска, Унгарија, Исланд, Полска, Русија и Шведска. Во групата на Македонија ќе биде и селекцијата која ќе го освои 4.то место на ЕП Норвешка или Хрватска.

Потенцијални ривали на македонските ракометари се: Црна Гора, Словенија, Србија, Австрија, БиХ, Чешка, Летонија, Холандија и Португалија.
Бараж дуелите ќе се играат во јуни 2016 година, а победниците од девтте дуели ќе играат на Светското првенство во Франција.
Франција како домаќин е квалификувана на шампионатот.