Македонија е убава, ама валкана - со европски пари ќе се подобрува сликата за земјава
Улици без патокази, убава земја но полна со ѓубре. Странците кои се дојдени во државата се жалат - тешко можат да стигнат од една до друга дестинација. Велат ништо не е обележано, а лоша е и сликата додека патуваат. Многу често во убавите предели наидуваат на диви депонии. Состојбата ќе се подобрува со европски пари.
- Во еден многу убав предел на државава се изгубив. Немаше патокази но имаше и многу ѓубре.Наидов и на диви депонии и тоа треба да се спречи. Овие граѓани заслужуваат подобро опкружување. Очекуваме во слендите 18 месеци оипштините да работата цело време да изготват добро проекти, Никола Бертолини- Делегација на Европска Унија
Европската Унија со грант од 18 милиони евра ќе помогне да се расчисти отпадот и дивите депонии, да се подигне квалитетото на услугите , вештините на лиценцираните туристички водичи и инфаструктурата. Од домашниот буџет пак за оваа намена ќе бидат обезбедени 3,2 милиони евра. За средствата можат да аплицираат оптшините , граѓанските асоцијации, локалните микро и мали претпријатија. Преднос имаат општините со готов проект , оние кои ќе имаат потешкотии во изработката обезбедена им е техничка помош.
Препораките на претставниците од Европската Унија се дека Македонија има голем потенцијал кој треба да го искористи и да стане позната во светот. Затоа предлагаат сите кои можат да аплицираат за овие пари да го направат тоа. Посочија дека туримот како гранка а важен за еконкскиот развој , учествува со 10 проценти во вкупниот БДП.
Огласот е веќе објавен. Проекот за развој на туризмот беше презентиран и пред градоначалниците.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар