Бизнис
5. April 2017 - 19:38

Македонија е сериозен играч на пазарот на добавувачи во автоиндустријата

Македонија станува силен играч на пазарот на добавувачи на автомобилската индустрија, вели одговорниот уредник на магазинот Аутомотив Њуз за Европа.

Магазинот кој има и американско и кинеско издание, е во посета на Македонија за да направи репортажа за фабриките кои глобални компании ги отворија во зоните.

- Компании кои спаѓаат во топ 100 светски добавувачи на автоиндустријата се лоцираат тука заради отвореноста на владата, добрата работна сила и бизнис климата. Грижата што им се пружа на компаниите по добивањето на инвестицијата е најважна, а тука луѓето се чини дека уште повеќе се трудат околу компаните откако ќе ја донесат одлука, како што се прашањата за работниот кадар, образованите програми и слично, вели Даг Болдук, одговорен уредник на Аутомотив Њуз Јуроп.

Директорот на зоните соопшти дека март бил рекорден месец за извоз од ТИРЗ, 180 милиони евра, додека за трите месеци од оваа година сумата достигнува половија милијарда евра.

-  Македонија стана извозник на софистицирани производи со поголема вредност, а овој извоз дава контрибуција во БДП, вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Аутомотив Њуз е овде и за одговори на прашањето дали Македонија е подготвена за влез на производител на автомобил. Размислувањата се дека тоа ќе биде голем предизвик, особено за пазарот на труд, но со истото успешно се справиле Романија и други земји од регионот кои привлекле автомобилски брендови.