Бизнис
20. October 2016 - 20:18

Македонија бележи годишен раст на извозот кон Унгарија за 160 проценти

Македонија со рекорден извоз во Унгарија. Во првите 7 месеци годинава се извезени за 160 отсто повеќе производи во однос на истиот поериод лани.Најмногу се пласирале производи од машинската и преработувачката индустрија. Освен во овие сектори унгарските бизнисмени  гледаат потенцијал за соработка и во туризмот, екологијата и културата.

Од бизнис секторот потенцираат дека саемите како Технома се одлично место за домашните фирми да договорат нови зделски со странски партнери.

Според последните податоци на  статистика извозот во првите 7 месеци годинава споредено со истиот период лани бележи раст од 5,2 отсто. Македонски стоки во вредност од 2,4 милијарди евра завршиле на странските пазари.