Бизнис
27. October 2016 - 19:32

Македонија бара да биде дел од Трансјадранскиот гасовод

Македонија чека одговор дали ќе биде дел од трансјадранскиот гасовод ТАП. Од макеоднски енергетски ресурси веќе е испратено барањето. Најдоцна до почетокот на следната година ќе добијат одговор.

Глобалниот проект ТАП е гасовод со должина од 900 километри со преносен капацитет од 10 милијарди метри кубни со можност за негово проширување до 20 милијарди метри кубни гас годишно. Трасата започнува на границата меѓу Турција и Грција , продолжува кон Албанија и ЈУжна Италија. Неговата изградба с еочекува да заврши до 2020 година. кога и официјално треба да биде пуштен во употреба.  Освен ТАП , пред неклку дена Макеоднски енерегтски ресусри потпишаа меморандум за соработка со нивните колеги од грчки ДЕСФА за поврзување на гасоводните системи на двете земји. Поврзувањето на Македонскиот наципонален гасовод со трансјадранскиот ТАП и со  грчкиот ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас.

Во меѓувреме Макеоднија работи на изградба на гасоводните краци од Скопје до Гостивар, Штип – Неготино ,  Неготино- Кавадарци – Битола па се до Охрид . Клечовце- Штип е веќе готов.

Целосната изградба на националниот гасоводен систем во земјава ќе овозможи достапност на гасот во домаќинствата и компаниите. Поврзување со националните гасоводи од соседните земји со што ќе се овомзожи снабдување со гас од повеќе земји и тоа од Русија, Азербеџан и Блискот Исток.