Фудбал
11. August 2016 - 16:13

Македонија 138.место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на делба на 138 место на најновата ранг листа на ФИФА. Македонија има вкупно 243 поени, исто колку и селекциите на Доминиканска република и Виетнам. Трите селекции имаат напредок од едно место благодарение на падот на Куба (30 места), која сега се наоѓа на 151.место.
На врвот на ранг листата нема промени до 20.место, а во ТОП 10 се наоѓаат: Аргентина, Белгија, Колумбија, Германија, Чиле, Португалија, Франција, Шпанија, Бразил и Италија.
Следната промена на ранг листата на ФИФА ќе биде на 15.септември.