Македонија
4. јуни 2017 - 16:36

Македонците во Албанија гневни по изјавите на Рама, политиката нема да ја намали бројноста

Остри реакции од здруженијата и Политичките партии на македонците во Албанија по изјавата на Премиерот Еди Рама во која тој бројот на Македонци во државата го спореди со мало семејство.. Васил Стерјовски од Алијансата за европска интеграција вели дека во изминатиот период станало редовна пракса на Рама да користи навреди и омаловажувања за Македонците во Албанија.. Од партијата го потсетуваат албанскиот премиер дека македонско население освен во Пустец живее и во областа Голо Брдо, Гора но и на целата територија на Албанија..

Изјавата на Албанскиот премиер ја осуди и Македонското друштво „Илинден“.. Во Реакцијата објавена на интернет страницата пишуваат дека изјавата на Рама е малициозна.. Изразуваат и разочарување од владата која не ги признава правата на Македонците на целата територија на Албанија туку само во општина Пустец, а кон останатите постапува дискриминаторски..

Инаку навредливата изјава за македонците во Албанија, премиерот Еди Рама ја искажа на предизборна средба во Корча..

Здруженијата и политичките партии на македонците во Албанија сметаат дека целта на Рама е со националистички изјави да собере поголем број гласови на претстојните парламентарни избори..