Бизнис
25. May 2017 - 19:43

Македонците и годинава најмногу ќе летуваат во Грција

И покрај зголемените цени Грција и натаму најатрактивна за Македонците. Потоа следат аранжманите за Турција.  Голем дел од  летните понуди за овие дестинации се веќе продадени.  Во Турција може да се најде понуда од  300 евра по лице со вклучен авионски превоз , во хотел со 5 ѕвездици.

И покрај минатогодишните случувања во Турција и натаму граѓаните купуваат туристички аранжмани за оваа земја. Паралелно расте интересот и за подалечните дестинации.

Се купуваат и понуди за егзотичниот, Дубаи, Занзибар, Шри Ланка, Малдиви, Бали.

- И годинава  Турција и Грција се најбараби, И покрај случувањата очекуваме успешна сезона и годинава, рече  Аркан Керим – претседател на  Туристичко – угостителска комора

Соочени со проблеми порати нелојалната конкуренција туристичките работници апелираат до граѓаните кои патуваат  да внивамаат какви договори потпишуваат. Поради  конкуренција од Србија  дел од агенциите се принудени да ги поскапат и аранжманите особено за Халкидики.

- Речиси е невозможно да се бориме со таа конкуренција. Тоа е една од причините поради кои се зголемени нашите аранжмани, особено за халкидики, рече Александар Чоневски- ТУК

Од домашните дестинации освен Охрид се нудат и хотелите во Дојран.