МакеДокс повторно ќе го прикаже документарецот „Човекот-делфин“
Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс вечер од 20 часот во Кино Култура повторно ќе го прикаже документарецот „Човекот-делфин“ - инспиративна приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв достигнал длабочина од 100 метри во слободно нуркање.
МакеДокс соопшти дека ќе го репризира филмот поради голем интерес на публиката и преполната сала на претходната проекција, но и како желба на подмладокот на „МакеДокс“ по средбата со познатиот актер Жан Марк-Бар. Филмот од 78 минути е италијанско-француска копродукција во режија на Лефтерис Чаритос.
- Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој успева да ги помести границите на човечкото тело и ум. Тој е главната инспирација за играниот филм „Големото синило“ на Лик Бесон, соопшти МакеДокс.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок