Кошарка
10. March 2017 - 12:54

Макаби и Барселона се уште во игра за ТОП 8 во Евролигата

 
Екипите на Макаби и на Барселона остварија победи во синоќешните натпревари од 25.коло на кошаркарската Евролигата и ги задржаа теоретските шанси за пласман во четвртфиналната фаза.
Барселона во второто полувреме го скрши отпорот на Уникс кој настапи ослабен без својот најдобар играч Лит Ленгфорд, додека Макаби во Тел Авив немаше многу проблеми на средбата со Армани.
Резултати на петте завршени натпревари од 25.коло во Евролигата:
ЦСКА Москва – Галатасарај 85:69,
Фенербахче – Басконија 74:79,
Жалгирис – Панатинаикос 64:58,
Макаби – Армани Милано 92:82 и 
Барселона – Уникс Казан 70:62.
Вечер играат:
Анадолу Ефес – Бамберг,
Олимпијакос – Дарушафака и
Реал Мадрид – Црвена звезда.
Табела: ЦСКА Москва 19-6 (победи-порази), Реал Мадрид 18-6, Олимпијакос 17-7, Фенербахче 16-9, Црвена Звезда 14-10, Басконија 14-11, Панатинаикос 14-11, Анадолу Ефес 13-12, Дарушафака 12-12, Жалгирис 11-14, Барселона 10-15, Макаби Тел Авив 9-16, Бамберг 8-16, Галатасарај 8-17, Уникс 7-18, Армани Милано 7-18.