Фудбал
13. February 2016 - 12:16

Мајнц славеше победа во дуелот со Шалке

 
 Во воведниот меч од  21.коло на германската фудбалска Бундес лига, одигран синоќа, фудбалерите на Мајнц се радуваа на победа од 2:1 во натпреварот против Шалке.
 
Головите за домашниот тим ги постигнаа, Гаетан Бусман (33-минута) и Јулијан Баумгартлинг (79), додека стрелец на голот за Шалке беше Јунес Белхабда (46).
 
Денеска на програмата се шест натпревари, а во нив ќе играат: Борусија Дортмунд – Хановер, Дармштат - Баер Леверкузен, Штутгарт – Херта, Вердер – Хофенхајм, Волфсбург – Инголштат и Келн – Ајнтрахт, 
 
Колото ќе биде комплетирано утре со средбите, Хамбургер - Борусија Менхенгладбах и Аугсбург - Баерн Минхен. 
 
Табела: Баерн 53 бодови, Борусија Д. 45, Херта 35, Шалке 34, Баер Л. 32, Борусија М. 32, Мајнц 31 ...