Мајкл Флин го излажал ФБИ дека не разговарал за санкциите против Москва со рускиот амбасадор
Поранешниот советник на претседателот на САД за национална безбедност, Мајкл Флин изјавил минатиот месец пред агенти на ФБИ дека не разговарал за антируските снакции со амбасадорот на Русија пред стапувањето на должност на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на поранешни и актуелни државни претставници.
Она што Флин им го кажал на претставници на ФБИ на 24 јануари може да доведе до покренување обвинение, бидејќи доставување лажни информации до Бирото претставува криминал.
Прашањето за тоа дали ќе биде покрената истрага против Флин зависи од Министерството за правда.
Американското раузнавање пресретна разговор меѓу Флин и рускиот амбасадор, Сергеј Кислјак по изборот на Трамп, во кој двајцата разговараат за санкциите, додаде „Вашингтон пост“.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто