Живот
13. December 2017 - 11:16

Мајката забележала модрици по телото на бебето, а кога ја прегледала снимката со денови плачела

Анамари Терон од Намибија на своето деветмесечно бебе забележала гребаници и модринки и одлучила да провери како се однесува неговата дадилка кон него, скривајќи камера во собата во која било бебешкото креветче.

Кога ја погледнала снимката, останала шокирана и сега дадилката се соочува со серозни обвинувања за обид за убиство, злоставување и напад.

На снимката се гледа како дадилката го носи бебето држејќи го само за една рака, а потоа грубо го фрла девојчето додека плаче.

По неколку секунди таа се враќа и го зема бебето носејќи го за нога, а потоа оди во друга просторија.

Очајната мајка вели дека со денови плачела откако ја прегледала потресната снимка и не можела ниту да јаде ниту да спие, постојано мислејќи колку долго нејзината ќеркичка минувала низ овој пекол.