Џет-Сет
5. October 2017 - 21:43

Мајката на Маца очајна: Двапати се обидов да се самоубијам, ова што го прави е срамота!

Сенада Нуркиќ позната како Маца Дискреција постојано прави хаос во реалните шоу емисии. Таа и Марко Милошевиќ се разменија тешки навреди, а Бора неодамна призна дека старлетата орално го задоволила. Сето тоа тешко и паѓа на мајката Енеса.

Маца својата мајка не ја посетила од 2015 година, кога првпат влезе во реалното шоу. Енеса тврди дека нема сила повеќе да ја гледа на телевизија.

„Не можам веќе ни да ја гледам, ни да ја слушам! Ова што го прави е срамотно! Подобро да се запраша како е нејзината стара и болна мајка која едвај крпи крај со крај отколку таму да изведува секс“, вели Енеса и додава:

-Доста ми е од Маца и нејзините глупости. Ќе се убијам поради неа. Никогаш ништо од мене не и било доволно. Цел живот и го посветив на неа, а видете што ми прави сега. Последен пат ја видов на 4. март 2015 година, и од тогаш до денес два пати се обидов да се убијам, рече Енеса.