Живот
26. јуни 2016 - 14:52

Мајка монструм: Мирно гледала како брановите и го носат бебето

Аделајд Кабу имала само 15 месеци кога го загубила животот откако мајка и ја оставила на брегот на морето во Франција со намера да ја убие.

Злосторството се случило во ноември 2013, а мајката пред неколку дена на судење детално го опиша злосторството.

-Беше ноќ и ја изведов Аделајд на прошетка по плажата. Плачеше зошто беше гладна...Ја зедов во раце и тргнав да ја дојам, а потоа сфатив дека не можам повеќе да го правам тоа. Слушнав некои гласови во главата. Зборував не,не, не..Не знам кому, само тоа го зборував, раскажуваше мајката Фабијен кабу (39), а потоа објасни како детето го спуштила на песокот покрај водата.

-И се извинив, а потоа ја гушнав. Долго ја гушкав..Не заспа, беше мирна...Потоа ја спуштив на песокот и потрчав. Пуштив водата да ја однесе...Требаше веднаш да се удави, а јас ја молев за прошка, рече жената на судењето.

Телото на несреќното девојче го пронашле рибарите следното утро неколку километри од брегот, а мајката набрзо е приведена.

Мотивите за свирепото злосторство не се познати, но се сомнева дека мајката била непресметлива, со оглед на тоа дека во текот на судењето споменувала и гатачи на кои им дала 40.000 за да ја ослободат од црната магија.

Кабу ниту еден момент не го негирала злостроството, а осудена е за убиство со умисла и чека да и се одреди затворската казна. Според наводите на медиумите, Кабу била во љубовна врска со 66-годишниот Мишел Лафон со кој често останувала бремена. Неколку пати абортирала, а за бременоста со Аделајд дознала доцна и морала да го роди детето.

Дека Фабјен се породила не знаеле ни членовите на нејзиното блиско семејство, а таткото на девојчето никогаш не се интересирал за неа, па се претпоставува дека мајката поради тоа се одлучила да го убие своето бебе.