Живот
22. January 2018 - 16:52

„Мајка ми ми ја избричи главата и ме дрогираше кога имав 7 години“: Ме убедуваше дека имам рак, а потоа ја дознав ужасната вистина

Хана од свои 7 години била жртва на злоставување од својата мајка која ја убедила дека има рак.

Имено, мајката на Хана Милибрант (21) се обидела да ги изманипулира сите и да им земе пари така што измислила дека ќерката и е тешко болна.

-Имав само седум години кога ми рекоа дека имам рак. Бев малечка за да сфатам што значи тоа, но гледајќи го татко ми како плаче беше доволно за да ме исплаши. Мојата мајка Тереза ме одведе на лекар кога имав поблага треска и кашлање. Се чувствував добро, но сепак ме однесе на скенер. Подоцна мајка ми го повика семејстовот и ни рече дека лекарот нашол тумор во мојот рбет, вели Хана која без помош на психотерапевт не можела да се избори со несреќата што и е нанесена во раното детство.

Нејзиниот живот се сменил преку ноќ, а градот во кој живеела организирал хуманитарни акции за да и помогне да ја победи болеста.

-Мајка ми беше медицинска сестра така што таа сама ми ги даваше лековите. Меѓутоа ми се чинеше дека се чувствував се полошо и полошо - имав главоболки и бев малаксана. Не можев да возам велосипед, ниту да си играм со другарките... Носев маска на училиште. Не знаев што е смрт, но знаев дека тоа значи дека нема да бидам со моите родители и тоа ме плашеше. Беше многу чудно, а мајка ми се оддалечи од мене, а татко ми секогаш знаеше како да ме расположи, рече таа.

Еден ден се разбудила со завој на долниот дел од рбетот, а мајка и и рекла дека со тој завој е прекриена раната од игла од каде примала терапија. И рекла дека ја посетува медицинска сестра по име Бет која и дава терапија, но Хана никогаш не ја видела, а мајка и и давала лекови за спиење.

Неколку дена потоа, Хана се разбудила и без својата долга руса коа. За неа тоа било посебно тешко, а како што се наведува во училиштето се чуствувала многу посрамено зошто наставниците организирале хуманитарни акции за да и помогнат, пишува Мирор.

Нејзините родители отишле толку далеку што мајка и и рекла има уште само неколку недели живот и девојчето морало да оди кај советник за да се соочи со смртта.

-Потоа одеднаш се заврши, кога моите родители и баба ми беа уапсени. Се благодарејќи на наставничката која забележа дека косата ми расте рамномерно, а не во печати како после хемотерапија, па ја пријави мајка ми во социјалната служба. Мајка ми веднаш призна дека го лажирала ракот и ја измамила заедницата за околу 31.000 долари. Сместена е во психијатриска болница, а татко ми е пуштен со кауција. Ми рече дека повеќе не сум болна и бев пресреќна што нема да умрам. Но среќата кратко траеше зошто набрзо ме сместија во старателско семејство. Бев многу збунета и сама и сите мои стравови ми се остварија, останав без семејство, раскажа девојката.

Нејзината мајка е осудена на шест и пол години затвор, по што судот ја отфрли нејзината одбрана за непресметливост. Нејзиниот татко ја призна вината за загрозување на дете, но тврди дека не знае дека мајката лажела за нејзианта болест, а бабата е ослободена од вина.