Балкан
9. March 2016 - 9:24

Мајка и син изгореа во пожар, се спаси само кучето

Во пожар на улицата Милутина Миланковиќ на Нов Белград настрадаа две постари лица. Поради густиот чад се евакуирани станарите од повисоките катови на зградата. По интервенцијата на пожарниакрите, пожарот е изгаснат.

Пожар изби утрово околу 5 часот на осмиот кат од зградата. Изгоре и тераса на деветиот кат. Евакуирани се луѓето од дел од висококатницата, поради густиот чад на скалите.

На терен имало 30 пожарникари и девет возила. Пожарот е изгасен, а причините за оваа несреќа ќе се знаат по истрагата.

Миле Јовичиќ од Противпожарната бригада на Белград рече за РТС дека екипата стигнала осум минути по повикот и сега се работи на расчистување на теренот.

Како што вели, пожарот е брзо изгасен со мало количество вода.

Од последиците на задушување со чад настрадале мајка (89) и син, стар око 60 година. Од запалениот стан спасено е само кучето.