Живот
24. October 2017 - 11:59

Мајка и е муслиманка а татко и христијанин, само една држава на светот ги прифатила и конечно имаат своја земја

Маха Мамо долго не имала своја држава, ниту имала нејзини лични документи. Родена е во Либан, додека нејзините родители се од Сирија. Проблемот што не постоела ниту во една држава е поради тоа што нејзиниот татко е христијанин, а мајката муслиманка.

Маха не била државјанин на Либан, ниту на Сирија. Причината е тоа што нејзините родители се од мешан брак кој не е признаен во Сирија ниту во Либан. Во двете земји државјанството се пренесува преку таткото.

Таа и нејзиниот брат и сестра, не можеле да добијат либанско државјанство бидејќи таткото не е од таа земја. Од друга страна, таткото не можел на своите деца да овозможи сиријско државјанство бидејќи Сирија не го признава неговиот брак - христијанин со муслиманка. Ако бракот не е признат - децата не можат да добијат државјанство.

Маха, нејзиниот брат и сестра не можеле легално да работат, патуваат, се лечат па дури ни да добијат СИМ картичка. Пред неколку години, 2014., Маха одлучила да напише на сите амбасади, со надеж дека ќе најде некој кој ќе и помогне.

Само една држава одговорила на нејзината молба - Бразил. Амбасадата им овозможила привремени патни документи, со печатени хуманитарни визи, и имале 48 часа да излезат од земјата.

Во Бразил никого не познавале. Маха тогaш на Фејсбук видела дека нејзин пријател бил во Бразил кај семејство во Бело Хоризонте.

- Ни отворија врата од нивната куќа како да ни се семејство. Тоа ни помогна да го разбереме Бразил - рекла Маха.

Сфатила дека состојбата со која се соочиле, заминувањето во нова земја без пари и контакти, не била едноставна. Бразил издал преку 8.000 хуманитарни визи на Сиријци од 2013. година, овозможувајќи на бегалците да дојдат до земјата барајќи азил.

Маха сега работи на фарма во Бразил веќе две години и десет месеци точно.

- Тоа е држава во која постојам.

Сепак во Бразил доживеала и тешки моменти. Нејзиниот брат бил застрелан на улица, кога крадци му ги барале паричникот и часовникот. Тој не ги разбирал, па го убиле.

Недамна, по три години, Маха и нејзината сестра ја виделе својата мајка, таа ги посетила во Бразил.

Погледнете го видеото: