Македонија
25. February 2018 - 19:19

Магла на Попова Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

Од ЈП Македонија пат соопштија дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, и дека на сите сообраќајни патни правци во државава врне снег.

На повисоките места има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби кои се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Од ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.