Македонија
19. February 2018 - 8:35

Магла кај Страцин, снег на Шапка, Стража, Маврово и Македонски Брод

- Поради појава на магла во Страцин видливоста е намалена од 80 до 100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвивa без забрани, застои и ограничувања по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка, Стража, Маврово и Македонски Брод, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
 
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
 
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
 
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема