Бизнис
3. February 2017 - 20:36

Магла го затвори скопскиот аеродром

Нормализирана состојбата на Александар Велики.  По проблемите со кои утринава се соочи аеродромот поради густата магла, летовите  се реазлираат според распоредот. Патниците велат немаат најава за донцење или откажување на летот.

И од Тав Македонија посочија аеродромот е отворен и сите услуги функционираат нормално.

- Доколку постои намалена видливост, пилотите се тие кои одлучуваат дали ќе слетаат. Зависно од одлуката, која може да биде откажување или пренасочување на летот, авиокомпаниите ја обезбедуваат неопходната помош на патниците како што е понуда на алтернативни летови, хотелско сместување, превоз итн. За подетални информации за секој лет, ги советуваме патниците да ги контактираат авиокомпаниите, како и нашата Служба за информации, која е достапна 24 часа, се вели во дописот од ТАВ Македонија.

- Поради густата магла утринава беше отежнато работењето на скопскиот аеродром. Дел од летовите беа откажани, а дел пренасочени на аеродромот во Охрид и во соседните земји.

Откажан беше летот за Виена и Истанбул. Авионите пак од таму за  до скопскиот аеродром се вратија назад. Летот од Загреб беше пренасочен во Приштина, а авионот од Базел слета  во Охрид.

Скопскиот аеродром поради магла речиси секоја година во зисмкиот период има проблеми во работењето.