Џет-Сет
11. December 2017 - 10:41

Маестрален настап на Тијана на ТЛЗП, Каролина се гордее со неа

За учеството во ТЛЗП Тијана Дапчевиќ откажала поголем дел од своите ангажмани за комплетно да се посвети, а тоа ни го докажува од емисија во емисија.

Музичкото натпреварување „Твоето лице звучи познато“ дојде до полуфиналето, Тијана Дапчевиќ повторно одржа лекција по пеење и глума на сцената, а гостин во жирито во оваа специјална емисија беше Каролина Гочева.

tijana-dapchevikj-so-akrobacii-kako-pink-vo-polufinaleto-na-tlzp-karolina-gorda-na-nea-video-04.jpg

Тијана се најде во улогата на Пинк и имаше неверојатна изведба со акробации на сцената како настапот на Пинк со „Just like fire“ на „Billboard Music Awards 2016“. Нескротливата енергија, заедно со огнот и лебдењето над сцената, измами овации од публиката и одлични коментари од жирито.

„Јас сум голем фан на Алиша Мур попозната како Пинк, среќна сум што живеам во нејзината доба, многу трикови научив од неа, а и јас го имам тој песок во гласот, како и таа некоја нејзина чудна машка енергија“, изјави Тијана пред настапот.

По настапот Каролина ѝ се обрати на македонски јазик:

„Драга моја, спектакл е мал збор за ова што ти го направи, сите знаеме колку си талентирана и ова е шоу каде цел твој раскошен талент доаѓа до израз. Јас сум навистина горда на тебе.“

Се разбира, таа ѝ додели 12 поени на нашата Тијана, како што самата ја нарече во еден миг.

tijana-dapchevikj-so-akrobacii-kako-pink-vo-polufinaleto-na-tlzp-karolina-gorda-na-nea-video-03.jpg

Жирито едногласно ја прогласи Тијана за храбра мултиталентирана жена која владее со сцената и знае да приреди феноменален настап за паметење. „Секое појавување на Тијана е вистинска доминација на сцената“, заклучија тие.

На почетокот од полуфиналната емисија Тијана со 361 глас беше на второто место на листата со натпреварувачи, а тоа надополнето со гласовите од жирито во оваа емисија, како и 12-ката од СМС гласовите од гледачите направи да влезе со најголем број поени во финалето на ТЛЗП.

 

 
 
 
 
 



00:04
10:37