МАЕИ не успеа да обезбеди пратенички мандат
Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ,не успеа да обезбеди пратенички мандат и во новиот албански парламент.
Македонската партија, на изборите беше во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, ЛСИ, чиј поранешен лидер е ново избраниот претседател Илир Мета. Единствен кандидат беше Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица Корча.
- За жал Македонците и овој пат ја прокоцкаа шансата да имаат свој претставник во Парламентот. Во изборната едница Корча се избраат 11 пратеници. Од 85 отсто пребројани гласови шест пратеници има Социјалистиката партија, четири Демократската и само еден ЛСИ. Веќе е јасно дека немаме шанси за пратенички мандат, бидејќи се наоѓам на петтото место на кандидатската листа. И овојпат Македонците се поделија, па на место да гласаат за Македонец, тие гласаа за албанските партии, изјави Стерјовски.
Инаку, МАЕИ на претходните избори,во јуни 2013 година, учествуваше со своја листа, на која носител беше универзитетската професорка Валентина Нестор, но не успеа да го обезбеди потребнот број гласови.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост