Македонија
22. November 2017 - 18:27

МАЕИ бара ослободување на Едмонд Темелко

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска Интеграција (МАЕИ), апелира македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори и да го ослободат од затвор лидерот на партијата и градоначалник на Пустец Едмонд Телко.

- Едмонд Темелко кој е во Истражниот затвор во Скопје се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Неговите роднини не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега, посочува МАЕИ  во барањето.

Според партијата, држењето во притвор на Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не и служи на чест на македонија и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија.

- Македонците бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност, се наведува во барањето.

Темелко е во притвор е од 26 септември.