-->
-->
Маџиров на поетска вечер во Куала Лумпур
-->
Македонскиот поет Никола Маџиров во рамки на неговата турнеја низ Азија денеска ќе одржи целовечерно читање во Куала Лумпур, во Малезија.
На вечерта насловена „Ловците се повеќе осамени, отколку гладни”, модерирана од малезискиот поет Ко Един, поезијата на Маџиров ќе се чита на македонски, англиски и малезиски јазик.
Во рамки на азиската турнеја Маџиров имаше неколку настапи и на меѓународниот книжевен фестивал во Сингапур, а го очекуваат читања во осум градови во Кина и Индија, од Шангај, Пекинг и Хонг Конг, до Мумбаи.
Во издание на „Чајна Прес Јуниверзити” се објави и антологијата на современа светска поезија „Поезија и конфликт” на кинески и англиски јазик, во која се застапени и неколку песни на Никола Маџиров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи