Свет
28. October 2017 - 16:05

Мадрид прогласи административна власт врз Каталонија

Шпанските власти ја распуштија каталонската влада, презедоа контрола врз администрацијата и закажаа нови избори за 21 декември. Мерките и официјално стапија на сила денеска наутро, ден откако каталонскиот парламент прогласи отцепување на регионот од Шпанија, на што шпанскиот Сенат реагираше со активирање на членот 155 од уставот. Од своите функции се разрешени претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, неговиот заменик Ориол Хункерас и сите останати членови на кабинетот, па со регионот до изборите  ќе управува вицепремиерот на Шпанија, Сораја Саенс де Сантамарија. Пучдемон и 12 членови на неговиот кабинет нема веќе да примаат плата од државниот буџет и можат да бидат обвинети за узурпирање  на туѓи функции ако одбијат да се повлечат. Против Пуџдемон ќе биде покренато обвинение за побуна, објави јавното обвинителство.

„Господинот Пуџдемон имаше можност да ја поврати законитоста и да свика избори. Тоа е она што го бараше мнозинството Каталонци, но не го направи тоа. Затоа шпанската влада ги презеде овие неопходни мерки.,,

Мадрид, го смени и  началникот на автономната полиција на Каталонија,- Мосос ,и уште двајца генерали .Каталонската полиција ги повика  своите припадници да се однесуваат „неутрално" и да не заземаат страна во спорот меѓу Мадрид и Барселона. Прогласувањето на независноста на Каталонија не доби поддршка од европските лидери и  од официјалните претставници на ЕУ.Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск,рече дека со тоа за ЕУ ништо не се менува, и дека Шпанија останува  единствен соговорник  на Унијата. Претседателот на ЕУ Комисијата, Жан-Клод Јункер, рече дека е важно да се избегнат какви било поделби и "фрактури" во  Европската унија, бидејќи веќе ги има доволно. Шкотска  соопшти дека го почитува и разбира ставот на каталонската влада, а ја критикуваше централната влада во Шпанија поради одбивање на дијалогот.

Мексико и Аргентина се за почитување на територијалниот интегритет на Шпанија, и не ја признаваат независноста на Каталонија.Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш  ги охрабрува сите страни да најдат решение во рамки на шпанскиот устав и врз основа на политички и легални начини. Со ист став е и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,