Живот
17. August 2017 - 13:52

"Made in China" е најголемата лага: Воопшто не носиме облека произведена во Кина!

Кинеските текстилни компании се повеќе користат фабрики надвор од своите граници за да користат eвтина работна сила, на ист начин како што тоа го прави западот со Кина. Но сепак тие го лажат пазарот - бидејќи на облеката ја ставаат препознатливата ознака "Made in China", а облеката наместо тие ја произведуваат работници од Северна Кореја, пишува Ројтерс.

Кинезите се повеќе ги користат фабриките, трговците и компаниите во пограничниот град Дандонг, а потоа облеката произведена таму ја пласираат низ целиот свет како своја.  Користењето на Северна Кореја за  производство на евтина облека покажува дека и покрај УН санкциите наметнати за таа земја, Ким Џонг Ун успева да се снајде со помош на пријателите. Всушност санкциите поради севернокорејската нуклеарна програма не се однесува на забрана за извоз на текстил.

- Примаме нарачки од целиот свет - открил еден од корејско-кинеските бизнисмени од Дандонг, град на граница на тие две земји низ кој се одвива најголем дел од трговијата на Северна Кореја.

Како и поголем дел од луѓето кои зборувале на таа тема, барал да остане анонимен поради чувствителноста на целата таа работа. Во Дандонг работат околу 20- агенти кои се посредници помеѓу добавувачите од Кина и купувачите од САД, Европа, Јужна Кореја, Јапонија, Канада и Русија.

- Често крајниот купувач нема претстава дека облеката се произведува во Северна Кореја - вели изворот.

Текстилот е втора најголема ставка во извозот на Северна Кореја, по јагленот и другите руди, заработката од извезениот текстил изнесува 752 милиони долари во 2016. Последните УН санкциии во потполност го забраниле јагленот, па Северна Кореја морала да се снајде, а очигледно е дека се потпираат на Кина во својот економски опстанок. Кинескиот извоз пораснал за околу 30 проценти, односно 1,67 милијарди долари во првата половина на годината, а голем дел се работи за ткаенини и останати суровини од кои во Северна Кореја се произведува готов производ спремен за пазарот.

Австралиската спортска марка "Rip Curl" јавно се извинила минатата година кога е откриено дека дел од нивната скијачка опрема, означена како "Made in China", е произведена во Северна Кореја во една од нивните фабрики.

"Rip Curl" ги открил добавувачите за својата облека за аутсорсинг преку неовластени кооперанти. Но трговците и агентите во Дандонг велат дека тоа е широко распространета пракса. Произведувачите можат да заштедат до 75 проценти за изработка на облеката во Северна Кореја, открива трговец од Кина. Некои од фабриките во Северна Кореја се наоѓаат во градот Синуиј, а други се лоцирани во околината на Пјонгјанг.

Готовата облека најчесто директно се праќа во Кина каде се препакува и се праќа на пазарите кои ја нарачале.

Производството на текстил во Северна Кореја било високо развиено во седумдесетите години од минатиот век, кога први холандските компании почнале да тргуваат со Кореја. Иако дошло до пад на производството, последната година почнало повторно да расте. Месечна плата на севернокорејските работници во текстилната индустрија е околу 80 долари месечно, што значи дека производството е дури за 30 проценти поевтино од Кина. Покрај тоа севернокорејските работници можат да произведат 30 проценти повеќе облека секој ден споредено со кинеските, открива трговецот од Кина.

Причината за тоа нормално лежи во експлоатација. Во фабриките во Северна Кореја работниците не одат во тоалет бидејќи ќе ја забават целата производствена линија. Поради тоа постојат пропишани паузи за тоалет кои сите мора да ги почитуваат.

Додатна причина поради која севернокорејските работници се толку продуктивни е тоа што тие се убедени дека работат за подобрување на својата земја а не за плата. Тие веруваат дека работат за својот лидер и подобро утре а нивните плати се разликуваат од останатите други азиски земји. На пример додека во Северна Кореја минимална плата е 75 долари месечно, просечна 160 долари месечно, во Кина просечната плата во фабриките е 450 до 750 долари месечно.