Мачор преживеа перење и центрифуга
Деветмесечниот мачор Боби од британскиот град Нотингем, преживеа „перење“ во машина за алишта на 60 степени и центрифугирање и веќе се опоравува од последиците на „авантурата“.
Боби имал обичај да влегува во машината за перење алишта и неговата сопственичка Лиза Киф (47) случајно го затвориле во неа и ја пуштила да пере.
Лиза за Би-Би-Си изјави дека нејзиното домашно милениче секогаш го ваделе од машината пред да става алишта. Но, радозналоста на мачорот, како што објасни таа, овој пат најверојатно го натерала да се провлече во машината пред да ја вклучи.
Мачорот бил веднаш однесен на ветеринар, каде му е укажана помош и релативно брзо бил стабилизиран, па веќе следниот ден се вратил дома.
Ветеринарот не можел да го сокрие чудењето, затоа што никогаш порано во неговата долгогодишна кариера не видел ваков случај.
Но, според Лиза, овој случај има и добра страна. По перењето на 60 степени и центрифугирањето, Боби повеќе не се ни доближува до машината за перење.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација