Бизнис
25. August 2016 - 20:03

М-НАВ и Еурконтрол потпишаа договор за поедноставна наплата на прелетите

Македонската агенција за воздухопловна навигација и Еуроконтрол потпишаа договор за наплата на терминални надоместоци. Република Македонија, како една членките на Европската организација за навигациски услуги koја брои 41 земја , придобивките ќе ги добие преку олеснета и ефикасна деловна комуникација со корисниците на услугите истовремено олеснувајќи ги административни процедури.

На овој начин клиентите автоматски се ослободуваат од носење пари во готово, сите средства ќе се транферираат преку сметка, што значи олеснето, транспарентно, побезбедно деловно работење и  секако поефикасна наплата.

Инаку вакви проекти ќе следат и во иднина, се со цел унапредување на индустријата во Република Македонија.