Свет
27. July 2017 - 10:40

Луна паркот станал место на смртта - неколку луѓе се повредени, едено момче загинало кога паднало од вртелешка

Едно лице загинало, а три се борат за живот по возењето во луна парк на Државниот саем во Охајо.

Осумнаесетгодишното момче загинало откако паднало на земја по возењето, а починало од силниот удар.

Во несреќата се повредени седум лица, а светските медиуми пренесуваат дека меѓу повредените најмладиот има 13 години.

Истрагата е во тек.

Погледнете го видеото: