Македонија
13. November 2015 - 16:45

Луксузирањето на Спасовски не запира

Во првите 24 часа по седнувањето на фотељата технички Министер за Внатрешни Работи, Оливер Спасовски предизвика бројни скандали со луксузирање и ги поистовети партијата и министерството.

На првиот работен ден Спасовски побара МВР да му даде ново луксузно “Ауди“, кое беше запленето во акција со трговија со дрога. Неговото прво барање, кое се однесува на луксуз, предизвика лавина реакции во јавноста, помеѓу вработените во МВР, но и помеѓу членовите на СДСМ.

Истакниот социјалдемократ, Ивор Мицковски, уште истиот ден го искритикува Спасовски, посочувајќи му дека треба да покаже скромност.

-Доаѓаш како нов министер и наместо во скапа кола, тргнуеш на работа со точак, па ги тераш и тие од МВР да веслаат со тебе. Е, тоа е потег, тоа е промена. Ама кај знаат тоа функционери што уште во опозиција прва одлука им е купување нов возен парк.

Од МВР, за Сител потврдуваат дека Спасовски побарал 2 возила. Едно за “ВИП“ личности и друго за обезбедување.

Второто барање на Спасовски бил дипломатскиот пасош. Со закон на министерот му е дозволено да поседува ваков документ, но многу е чудно втората барање по седнувањето на фотељата да биде земање на дипломатски пасош. Техничкиот министер одел дотаму што не сакал да отиде во Министерството за надворешни да се слика за овој документ и барал да биде сликан во МВР.

За сите овие информации, плус за скандалозната телеграма со која Спасовски ја развласти МВР, со одговор во име на министерството излезе СДСМ. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека принципот СДСМ да одговара за прашање поврзано со министерството е класична партизација, која можеме да ја очекуваме во следните 6 месеци.

“За помалку од 24 часа Спасовски започна со спроведувањето политизацијата на МВР, според партиските насоки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.