Џет-Сет
27. July 2017 - 16:13

Лукас ми направи пекол од животот, Бранислава се огласи спомнувајќи ја Соња и голите фотографии

- Добро сум, не ми е тешко. Се нервирам поради сликите. На Аца не мислам, се спремам за пат. Одам да ги завршам сите документи околу разводот, тоа ми е единствено битно во моментот, а за Лукас не сакам да размислувам - кажала Бранислава Пашајлија чии голи фотографии се вчера објавени.

Аца Лукас се уште не се огласува по повод разделувањето, нивната врска траеше цели 23 дена.

Бранислава за него сепак зборува.

На прашање како се чувствува сега, истакнала дека сака да ја остават сите на мира.

- Сакам што побргу да почнам од почеток. Животот преку ноќ ми се претвори во катастрофа и сонувам да ме остават сите на мира. Не сакам да се сликам, сакам се да се врати во нормала. Немам сили да се борам, не можете да замислите што ми се случува. Како да сум во некој хорор филм - рекла Бранислава.

Пашајлија не одбила да ја прокоментира и Соња Вуксановиќ, поточно нејзината средба со Аца Лукас од пред неколку дена, во еден ресторан во Коштуњак.

- Видов дека Аца го сликале со жената. Сакам да има среќа. Не сум изненадена, тоа можеше да се очекува - истакнала Бранислава.

Кога се во прашање нејзините фотографии на кои е потполно гола, а кои завршиле на Информер, Бранислава вели дека не била ниту млада ниту луда кога ги пратила туку заљубена.

- Тие фотографии се пратени на мое поранешно момче и требаше да останат интимна работа. Не знам што да ви кажам, кој и да ги испратил тие слики ги поминал сите граници. Тоа е голема катастрофа за моето семејство, за мојот развод, за мојот живот. Срамота - изјавила Бранислава.

Потсетуваме дека Пашајлија истакнала дека единствен прав маж во нејзиниот живот бил Жељко Пашјлија од Црна Гора, со кој има син.

- И мажот да ми опрости се, јас нема никогаш да си опростам. Мислам дека уште долго ќе размислувам со кој сакав да го заменам. Единствен прав, вреден и незаменлив маж во мојот живот беше тој, но немаат сите бајки среќен крај - рекла Бранислава.