Loading Video...
Кошарка
11. December 2017 - 15:28

Лукајиќ: Играчите мора да ја преземат одговорноста, не да чекаат друг да решава за нив

Ниту новиот тренер Жељко Лукајиќ не донесе победа за МЗТ Скопје во регионалната АБА лига, а Аердоромци прокоцкаа 19 поени предност во дуелот со Морнар кој на крајот заслужено се радуваше со конечни 72-69
 
Многу осцилации без желба да се преземе одговорноста во решавачките мигови, се дел од забелешките кои ги има новиот тренер на МЗТ Скопје, Лукајиќ кој по вчерашниот пораз од Морнар нагласи дека го чека многу работа, за конечно МЗТ да се врати на вистинскиот пат. 
 
Мора играчите да разберат дека како што доаѓа крајот, мора да ја преземат одговорноста. Најдобрите шутери не погодуваа слободни фрлања. Имавме желба и енергија, но немаше храброст. Немаше никому да му се откине главата ако не се постигнеше кош ако се одиграше кошаркарски. Сакам да им се извинам на навивачите за ваквото издание и да им се заблагодарам за поддршката која беше феноменална. Им ветувам дека напорно ќе работи нешто вакво да не ни се повтори во иднина“, изјава – Лукајиќ.
 
Бојан Трајковски кој беше еден од најзабележителните поединци жали да пропуштената шанса, но и можноста играчите да им заблагодарат на своите навивачи кои по подолг период повторо се вратија на трибините во Јане Сандански. 
 
МЗТ утре (17:30 часот) го очекува дуел во домашното првенство против Кожув на гостински терен, а во следното 12.коло во АБА лигата, сино-белите во сабота (16 декември) гостува во Белград кај Партизан во мечот кој е закажан од 19.часот.