Живот
24. January 2017 - 23:44

Луѓето намерно прават криминал само за да ги уапси оваа секси полицајка!

Од неа злосторниците не бегаат, туку самите и паѓаат во раце.

-Можете да ме уапсите било кога- се зборовите кои 32-годишната Саманта Сепулведа често ги слуша на должност, додека во сината униформа се бори против криминалот на улиците на Њујорк.

Прекрасната полицајка во слободно време е модел за долна облека. Толку е убава што, вели, со сомнителните не мора да биде насилна. Самите доброволно тргаат со неа.

поли2

-Секогаш им ставам лисици на мажите, бидејќи не сакаат да се борат со мене – вели за Њу Јорк Пост Саманта и додава дека има помалку тензија кога на терен излегува полицајка.

-Со полицајка криминалците лесно го спуштаат гардот. Има помалку агресија и ситуацијата брзо се смирува- вели таа.

поли3

На њујоршката полиција ѝ се приклучила во 2010. година откако завршила економски факултет, а модел станала 3 години подоцна. Сакала кариера во која ќе им помага на луѓето, и затоа станала полицајка.

поли4

Тврди дека нејзините фотографии не се вулгарни, туку го слават женското тело.