Фудбал
7. October 2016 - 11:09

Лудило, репрезентативец на Еквадор бегаше на сред меч од полицијата!!!

Енер Валенсија, напаѓачот на Вест Хем, кој оваа сезона како позајмен игра во Евертон, го има најлудиот потег во квалификациите за Светското првенство.
 
Како што пишуваат јужноамериканските медиуми, пред крајот на натпреварот помеѓу Еквадор и Чиле (3-0), тој симулирал повреда за да биде заменет, а потоа со амбулантно возило избегал од полицијата.
 
Полицијата го чекала Емер Валенсија за да го уапси, бидејќи неговото име се нашло на потерница откако тој одбивал да плаќа алиментација.
 
Валенсија добро го подготвил бегството од теренот, дури и подготвил маска со кислород, кога во 82-та минута на неговото место влезе Ајови.
 
Тогаш започнала драмата, амбулантното возило тргнало од стадионот кон најблиската болница, а неколку полицајци започнале да го трчаат по возилото.
 
Инаку во меѓувреме, налогот за апсење на Валенсија е повлечен, но неизвесно е дали тој ќе игра во вторник против Боливија.
 
Целата приказна започнала ден пред натпреварот Еквадор-Чиле, кога на тренингот на Еквадорците со полициска придружба дошол адвокатот на мајката, со која Валенсија има дете.
 
Со судски налог адвокатот побарал Валенсија да плати 17.000 долари алиментација и го предупредил дека има налог за апсење доколку не го стори тоа.