Фудбал
29. July 2015 - 9:50

ЛШ:Одиграни девет натпревари од 3-то квалификациско коло

Ширум Европа се играат натпревари од третата квалификациска рунда за фудбалската Лига на шампиони, а по првите девет дуели предност од два гола и тоа на гостински терен остварија Скендербег и Монако.

 
Покрај овие две екипи пред пласман во баражите за елитното натпреварување се и екипите на Викторија Плзен и АПОЕЛ кој во претходната рунда го елиминираше македонскиот шампион Вардар.
 
Постигнати резултати на досега завршените први натпревари од 3.коло во квалификациите за ЛШ:
 
Динамо Загреб (Хрватска) – Молде (Норвешка) 1:1,
 
Видеотон (Унгарија) – БАТЕ Борисов (Белорусија) 1:1,
 
ЦСКА Москва (Русија) – Спарта Прага (Чешка) 2:2,
 
Милсами (Молдавија) – Скендербег (Албанија) 0:2,
 
Макаби (Израел) – Викторија Плзен (Чешка) 1:2,
 
Панатинаикос (Грција) – Бриж (Белгија) 2:1,
 
Фенербахче (Турција) – Шахтјор Доњецк (Украина) 0:0,
 
Митјиланд (Данска) – АПОЕЛ (Кипар) 1:2 и
 
Јанг Бојс (Швајцарија) – Монако (Франција) 1:3.
 
Вечер играат:
 
ХЈК (Финска) – Астана (Казахстан),
 
Салзбург (Австрија) – Малме (Шведска),
 
Стеауа (Романија) – Партизан (Србија),
 
Селтик (Шкотска) – Карабах (Азербајџан),
 
Лех (Полска) – Базел (Швајцарија) и
 
Рапид Виена (Австрија) – Ајакс (Холандија).
 
Реваншите се идниот вторник и среда.