Фудбал
25. May 2016 - 9:08

ЛШ:Финалето со или без Роналдо?!

Настапот на Кристијано Роналдо во финалето во Лигата на шампионите е под знак прашалник, откако Португалецот се повредил на еден од тренинзите на Реал, пренесува Marca.
 
Роналдо се повредил по еден дуел со Дани Карвахал, кога дефанзивецот го турнал директно во голманот Кико Касиља. Португалецот потоа со болна гримаса го напуштил тренингот.
 
Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите, поради повреда го пропушти првиот полуфинален дуел со Манчестер Сити, а иако беше неизвесен за реваншот со англискиот тим, тој сепак го одигра целиот натпревар.
 
Интересно, Роналдо и пред две години беше неизвесен за настап во финалето, исто така поради повреда, но на крајот го одигра финалето во кое Реал, по продолженијата, го совлада Атлетико со 4-1. 
 
Финалниот меч во Лигата на шампионите меѓу Реал и Атлетико ќе се одигра во сабота на „Сан Сиро“ во Милано.