Ракомет
24. October 2015 - 22:22

ЛШ: ЖРК Вардар триумфално низ Виена

 

Ракометраките на ЖРК Вардар ја постигнаа првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите откако вечерва во Виена го победија Хипо со 38:25 (22:9). Победникот беше решен на самиот почеток на дуелот со одличниот старт на „вардарки“ кои брзо направија висока предност, која на полувремето беше 13 голови разлика. Оваа разлика остана и на крајот од дуелот. 

Кај ЖРК Вардар четири ракометарки постигнаа под 4 гола (Сара Ристовска, Андреа Лекиќ, Маја Сокач и Сања Дамњановиќ). Во листата на стрелци се запиша и голманката Лејно, додека без гол останаа Лазовиќ и Суслина.
ЖРК Вардар следниот натпревар го игра на 1.ноември на домашен терен против Митјиланд.