Ракомет
21. October 2017 - 18:30

ЛШ: ЖРК Вардар со максимален учинок

Ракометаките на европскиот вицепрвак Вардар ја остварија и третата победа сезонава во групата Ц од Лигата на шампионите откако попладнево на гостувањето ја совладаа екипата на Ларвик со 31:19 (16:9).
 
Дуелот беше неизвесен до 22.минута кога последен пат и беше изедначен резултатот 9:9. Во последните осум минути од првиот дел македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна четири од седумте голови. за Вардар и на полувреме беше 16:9 за македонскиот тим.
Во вториот дел „вардарки“ постојано ја зголемуваа предноста и во 51.минута за првпат имаа двоцифрена разлика 26:16.
Најефикасни кај Вардар беа Ристовска и Пенезиќ со по 6 голови, додека Лекиќ постигна 5.
Вториот дуел од групата Ц меѓу Турингер и ФТЦ се игра утре. 
Табела: Вардар 6 бодови, ФТЦ 2, Турингер 2, Ларвик 0.
 
Следниот натпревар Вардар го игра на 4.ноември на домашен терен против Ларвик.